о текот на 2013 година, В.Ј. (45) од Кочани која била вработена во АД „Македонски пошти“ ги присвојувала паричните средства уплатени од физички лица по основ на платени фактури за електрична енергија и вода. Некои сметки ги сторнирала, а некои воопшто не ги евидентирала. Според првичните информации, од трансакциони сметки на девет лица со налози за исплата на готовина осомничената подигала парични средства и ги користела за себе, а потоа со уплатница повторно им ги плаќала на сметките. На овој начин, В.Ј. неовластено се послужила со 1,8 милион денари, противправно за себе присвоила 39.304 денари, а го оштетила друштвото за 27.429 денари. Кочанската полиција против неа поднесе кривична пријава за сторени кривични дела: злоупотреба на службена положба и овластување и послужување во службата.]]>


