Во акција на управата за финансиска полиција откриен е нов, голем случај на добро организиран финансиски криминал во кој како главен актер и органзатор се јавува, лицето с.с од Штип, инаку пензионираниот полковник на Арм.
Според податоците од предистражната постапка, шесте осомничени фирми преку нивните сопственици и управители во изминатите неколку години најголем дел од нивното деловно работење го вршеле незаконски, односно прозводите кои ги произведувале или увезувале од странство, ги продавале за готови пари, на црно без притоа да ги пресметаат и да ги платат даночните обврски кон државата.
До основното јавно обвинителство во скопје поднесена е кривична пријава против лицата Х.Д сопственик и управител на правниот субјект Стар груп .Тој во период од 2011 до 2014 година, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекне со противправна имотна корист, набавената трговската стока евидентирана на залиха во вкупна вредност од 428.000 евра, ја продал за готовински парични средства без притоа да изготви соодветна документација за продажбата и да ја евидентира во своето сметководство. Со ваквата постапка сопственикот на стар груп доо од скопје се стекнал со противправна имотна корист во иснос од 163.000 евра на име затаен данок. За да го прикрие кривичното дело, на почетокот на 2014 година првопријавениот х.д се сретнал со штипјанецот пензиониран полковник на арм, при што договориле за одреден паричен надоместок да организираат фиктивна продажба на правниот субјект на странски државјанин од Ќустендил-република Бугарија. Истата шема била употребена и при фиктивната продажба на Витамин Ага од Гостивар и за правниот субјект Ванекс експорт-импорт од Тетово.
Најголем финансиски криминал сепак е откриен во кумановските фирми Златен клас, Златен клас Род и Златен клас Џуна. И овде организатор е пензионираниот полковник од Штип .
Извор: Први.мк


