Со фотографии по бикини Хајек го одбележа 58. роденден: Нема ништо од минатото

Само две години ја делат Салма Хајек од нејзиниот 60-ти роденден и влегувањето во нова деценија од животот, но изглеа правилото „годините се само бројка“ за неа многу важи. Токму тоа го покажа со својата најнова објава, на која објави серија фотографии во бикини, направени летово, со кои само ја потврди нејзината убавина.

Салма сакала да го одбележи својот 58 роденден со серија фотографии направени летово на семејната јахта со која пловеа по Медитеранот. Сите овие фотографии имаат едно нешто заедничко, а тоа е што на секоја од нив познатата Мексиканка позира во костим за капење.

На фотографиите актерката позира облечена во најразлични комбинации, од минијатурни бикини до едноделни костими за капење со длабоко деколте, за кои единствено што имаат заедничко е што сите совршено ѝ прилегаат.

Актерката не крие дека со текот на годините научила како да ужива во совршеноста на сопственото тело на кое му посветува многу внимание, а резултатите од сето тоа се многу видливи на опуштените фотографии направени за време на годишниот одмор.

За само 15 часа објавата ја лајкнаа повеќе од милион луѓе, а меѓу нив имаше и познати личности, како Блејк Лајвли, Викторија Бекам, Бела Хадид, Џенифер Анистон…

Заедно со овие фотографии, Салма си посака среќен роденден и порача: „Ништо од ова не е од минатото“, алудирајќи дека фотографиите не се направени пред неколку години, туку само пред неколку дена или недели.

А меѓу првите кои ѝ честитаа секако беше еден од најбогатите луѓе на светот, сопственикот на групата Керинг и сопруг на Салма, Франсоа-Анри Пино, со кого таа е во брак од 2009 година и заедно имаат ќерка.

Славниот пар неодамна повторно се најде на листата на најбогати парови на Сандеј Тајмс, каде што беше откриено дека нивното заедничко богатство се проценува на околу 7,7 милијарди долари. Овој пат беа на 31 место, иако една година претходно со заработка од околу 10,1 милијарди долари се најдоа на високото 21 место.

Најчитани вести