Соборен уште еден американски борбен авион, пилотот се катапултирал

Уште еден американски воен авион е соборен од страна на иранските сили над Ормускиот Теснец, пренесува „СиЕнЕн“.

Според првичните информации соборен е борбен авион А-10. Пилотот успеал да го насочи леталото надвор од иранскиот воздушен простор пред да се катапултира над Ормускиот Теснец, а подоцна бил спасен во рамки на американска операција.

Иран соопшти дека нивната противвоздушна одбрана го погодила авионот во близина на теснецот, по што леталото се урнало во Персискиот Залив. Авионот неколку недели учествувал во операции над Иран како дел од засиленото американско воено присуство во регионот.

Претходно во текот на истиот ден беше соборен уште еден американски борбен авион Ф-15 во ирански воздушен простор. Еден пилот е спасен, додека судбината на вториот пилот и натаму останува непозната.

Најчитани вести