Синот на Марија Шерифовиќ, Марио, денеска наполни пет месеци, а гордата мама се огласи по тој повод, објави Блиц.
На својот Инстаграм профил Марија сподели фотографија од наследникот како држи книга со натпис „Денес наполнив пет месеци“.

Таа му упати емотивни зборови на Марио, а со тоа ги разнежи своите следбеници:
“Слатко мое сонце, згодно, убаво, дебело, најмило. Најзгоден мој маж, ќе полудам”, напиша пејачката.


