Сообраќајка на паркингот на Скопски аеродром, едно лице тешко повредено

На паркинг просторот на Меѓународен аеродром Скопје вчера попладне се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (41) од Скопје и патничко возило „форд фокус“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.М. (46) од Прилеп.

По несреќата, како што соопшти МВР, возачот А.А. и неговите сопатници Ќ.А. (66) и малолетник, двајцата од Скопје, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на Ќ.А. ѝ се констатирани тешки телесни повреди, а на А.А. и на малолетниот сопатник им се констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. 

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести