Сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод се одвива наизменично по едната коловозна лента

Сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод кај с.Мажучиште од 16:40 часот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, односно по едната коловозна лента, информира АМСМ.

Поради сообраќајна незгода сообраќајот на овој патен правец беше во прекин од 14:35 часот и возилата се пренасочуваа преку алтернативен земјен пат. 

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести