Сопруга на милионер се жали дека не ѝ било лесно: Еве со какви проблеми се соочувала…

Линда Андраде, која за себе вели дека е „оригинална домаќинка од Дубаи“, има само 23 години и околу 529.000 следбеници на „TikTok“. Со сите нив таа во текот на месецов ги споделила нејзините проблеми со кои се соочувала како сопруга на милионер, пишува Дејли Меил.

Оваа ѕвезда на социјалните мрежи е родена во Јордан и на 19 години се омажила со нејзиниот сегашен сопруг Рики, трговец со „Forex“ и „Crypto“. Нејзиниот живот е луксузен, но не бил лесен, нуту пак отсекогаш таков. Пред да се омажи таа живеела и растела во САД, каде што делеле една соба со нејзиното шестчлено семејство. Во нејзините најнови видеа Линда вели дека богатството може да стане проблем и дека ѝ здодеало тоа што „храната секогаш мора да биде шоу“, дека сопругот ѝ купува „премногу работи“ и признава дека „се плаши да не ја ограбат“.

Сепак, и покрај нејзината загриженост, корисниците на социјалните мрежи немаат многу разбирање за нејзините проблеми за „богати“. Само еден од многуте одговори е: „Престани да се жалиш, ако не го сакаш твојот живот дај ми го мене“, додека во друг има прашање за неа: „Како можеш да бидеш неблагодарна“.

Нејзиното видео собра повеќе од 11 милиони прегледи на „TikTok“ и повеќе од 22.000 лајкови на Инстаграм. Во него Линда вели дека се плаши да не биде ограбена додека ги покажува нејзините луксузни дизајнерски чанти и блескавиот накит од Картие и „Ван Клиф“.

Многумина не беа воодушевени од она што го гледаат, па коментарот што собра најмногу лајкови гласеше: „Живееш во Дубаи, никој нема да те ограби овде, пола Дубаи е побогат од тебе, затоа опушти се.“

Следниот нејзин проблем што го сподели е што секогаш морала да изгледа беспрекорно, а потоа изјави дека има премногу храна и дека е многу пребирлива. Другите жени кои биле заинтересирани за нејзиниот сопруг ѝ правеле проблеми. Еден од нејзините последните проблеми што ги сподели е тоа што морала постојано да патува и многу често е уморна.

Нејзиниот сопруг Рики ѝ рекол дека бракот треба да биде 50/50: „Жената треба да изгледа убаво и да оди на шопинг, а нејзиниот сопруг да ја штити и да плаќа.“ Линда на нејзиниот профил на Инстаграм постојано објавува за нејзините гламурозни авантури на егзотични дестинации насекаде низ светот, од Малдиви до Хаваи и Мајами.

Сепак нејзините „проблеми“, налутија многумина кои се борат за секое евро во животот, па еден од нив ѝ напиша: „Посакувам и јас да можев да се жалам за овие работи. Воопшто не се грижам дали ќе ме ограбат, туку повеќе се грижам за тоа како ќе ги платам сметките.“ Една самохрана мајка се надоврзала: „Имам хипотека, сметки и студентски кредит, не знам како ќе ги платам“. Меѓу коментарите е и тој на уште едно лице кое прашува „Може ли некој да ми објасни дали оваа се шегува или навистина е толку плитка личност?“

Најчитани вести