Сопругата на Шумахер апелира новинарските екипи да ја напуштат болницата

Ве молиме да ни помогнете во битката за животот на Михаел на тој начин што ќе ги оставите докторите да работат на мира. Имајте доверба во нивните соопштенија и напуштете ја клиниката. Оставете го семејството на мира, се вели во соопштението на Корина Шумахер, сопруга на Михаел, седумкратниот светски првак во Формула 1.

Германецот кој на истекот на 2013 година во пад при скијање ја повреди главата се уште е во критична состојба. Докторите во болницата во Гренобл се борат за неговиот живот, но тие се под постојан притисок од бројните новинари и фоторепортери, поради што сопругата на прославениот Ф1 возач им се обрати со соопштение.

Лекарскиот тим кој ја води битката за животот на Шумахер последен пат се обрати вчера, кога беше информирано за мало подобрување на неговата состојба. Според најавите во француските медиуми, со нов извештај за состојбата на повредениот докторите ќе излезат во текот на денешниот ден.]]>

Најчитани вести