Беше само прашање на време, поточно на денот кога светот ќе го слушне и коментарот на сопругот на Џенифер Анистон за разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли. И навистина, Џастин Теру проговори за „разводот на векот“.
– Како дете чии родители се разведени, можам само да кажам дека тоа е страшна работа за децата. Здодевно е сега да се шпекулира и да се коментира тоа. Луѓето во моментот поминуваат низ лош период, а тие се страшни работи – рекол Теру за „Бизнис инсајдер“ на прес-конференцијата воочи неговиот нов филм.
„Голем е апетитот за отпадокот кој секојдневно се пласира, евидентно, иако сите велат дека тие работи не ги интересираа. Мислам дека многумина токму тие работи ги интересираат, бидејќи ги консумираат – завршил Теру.


