Здраствената состојба на Михаил Шумахер малку се подобрила, што ѝ дозволила на медицинската екипа од Универзитетската болница во Гренобл да изврши нова хируршка интервенција во текот на ноќта, пренесе МИА од Париз.
Информацијата ја дадоа професорот Пајен и Жаклин Убер, директорката на Универзитетската болница од Гренобл. Според нив, по новата интервенција и скенерот кој бил направен, забележано е изутринава ново подобрување кај Шумахер.
Синоќешната интервенција не била предвидена на почетокот, но таа дозволи да се третира на подобар начин интракранијалниот притисок.
Според професорот Жан-Франсоа Пајен, некои знаци „дозволуваат да се помисли дека ситуацијата е подобро контролирана од вчера“.
Операцијата траела два часа и дозволила да се добие на време, при што бил отстранет еден хематом во мозокот. Но, според екипите има други интракранијални лезии.
– Има подобрување во однос на вчера, но не можам да ви кажам дека е надвор од опасноста. Се може да евалуира кон добро, како и кон лошо, вели професорот Пајен.
Семесјтвото на Шумахер е се уште присутно во болницата. Засега не е предвидено Шумахер да биде пренесен во друга болница, а од таму не се предвидуваат нови прес-


