ФК Воклово Ѓ.П. преку својата страница на социјалната мрежа Фејсбук им се заблагодарија на членовите на Советничката група на СДСМ и коалцијата за донацијата.
„Благодарност до советничката група на СДСМ и коалицијата во Општина Ѓорче Петров за донацијата од 100.000 денари, средствата се наменети за плаќање на котизација за натпреварување во трета лига. Се надеваме дека и други општествено одговорни организации и ѓраѓани ќе помогнат за да можеме да продолжиме да се натпреваруваме“, напишаа од ФК Волково ЃП.


