„Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба“, објави на својот профил на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Тој соопшти дека се преземаат мерки и активности и кон други лица.
„Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите“, напиша Спасовски.
Граѓаните во коментари на овој статус бараат идентитот на обвинетите лица да се објави јавно, како што велат, како што се објавувало во групата со име и презиме.
]]>


