Спасовски изрази сочувство за настраданите во земјотресот во Турција

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изрази сочувство за настраданите во земјотресот во Турција.

„Во мое и во име на МВР изразувам најдлабоко сочувство до турскиот и сирискиот народ, на семејствата на над 500 загинати лица во катастрофалниот земјотрес којшто ги погоди Турција и Сирија пред само неколку часа. Македонската полиција стои на располагање во овие тешки моменти за пријателските турски и сириски народи“, напиша Спасовски во објавата на социјалните мрежи.

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести