Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска заедно со раководството на СВР Скопје положи свежо цвеќе на Споменикот на бранителите во кругот на полициската станица Гази Баба во Автокоманда, по повод 23 години од загинувањето на полициските службеници Кирил Петрушевски, Ерол Готак и Ацо Ангеловски, кои во 2000 година ги загубија животите во вооружен напад во Арачиново.

Семејствата на загинатите бранители упатија барање фо МВР и Полициската станица Гази Баба да се преземе организацијата за годишното одбележување, за што од страна на министерот Спасовски и началникот на СВР Скопје, Даневски беше изразена согласноста од наредната година да биде организирано одбележувањето од страна на ПС Гази Баба.



