Со посебна чест присуствував на одбележувањето на значаен јубилеј за Кинолошкиот Сојуз на Македонија (КСМ) – 70 години постоење и развој на кинолошката култура во државата, со стремеж за лидерство во регионот кога е во прашање едукацијата, одговорното сопствеништво, благосостојбата, како и однесувањето и интеракцијата со кучињата, а со самото тоа и развој на општеството кое ќе ги сака и почитува кучињата.
Како МВР сме посветени во овој дел со конкретни активности во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во развој и унапредување на Единицата за службени кучиња, која неодамна за своите потреби доби реконструиран објект на МВР, а вредни за споменување се и возилата и опремата за К-9 овозможени преку соработката со ОБСЕ.
Упатувам искрена благодарност до КСМ, продолжуваме со соработката која значи унапредување на заштитата и благосостојбата на животните.
-Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски


