Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, соопшти дека денеска бил во турската Амбасада во земјава и се потпишал во книгата на жалост.
„Изразувам најискрено сочувство за големата трагедија во братска Туркије, на братскиот турски народ. Македонија ќе биде секогаш со Туркије и со граѓаните. Срцето на целиот македонски народ и граѓаните на Македонија чука заедно со граѓаните на Туркије“, објави Спасовски.


