Во раните утрински часови на 25 јануари, луѓето на СЕК упаднале во станот, затоа што отишле на погрешен кат. Ја скршиле вратата од станот и, наводно, фрлиле шок-бомба. Но, кога почнале да апсат луѓе во станот, сфатиле дека настанала грешка.
Студентот бил буден и, сепак, претрпел последици. Околу две седмици по настанот, нему му е врачено извинување во облик на ваучер за купување на Амазон, коешто тој го смета за несоодветно. Студентот, застапуван од адвокатот Јерг Хуфер, тврди дека полицијата пуштила солзавец и му држела пиштол на главата, што сепак, има несакани последици.
Полицијата, пак, порекна дека му држеле пиштол вперен во главата и дека употребиле солзавец, наведувајќи дека брзата помош повикана кај станарите не констатирала повреди кај него.
Адвокатот тврди дека неговиот клиент се соочува со последици и не може да спие или да работи и затоа побарал психолошка помош.
Полицијата ги презеде трошоците за санирање на штетата во станот и лекување на младиот маж. Адвокатот смета дека неговиот клиент „има право на петцифрена отштета“ од полицијата.
Инаку, осомничениот за криминал по кого полицијата трагала, бил приведен само накусо.
МИА
]]>


