Спиете ли мирно, премиере?

Синоќа, касно во ноќтта ги слушав и гледав репризните вести на Канал 5. Да видам до каде отишла црната пропаганда на режимот, а и гласот и ликот на спикерката Тања можам да ги издржам некако додека гледам нарачани вести. Нема прилог за прес на опозицијата, вообичаено, ама затоа здушно се прикажува демантот од Власта за истата. И се вергла за странски служби и предавници, веќе видено нивно сценарио.

И слушам, една КАРДИНАЛНА грешка направил Груевски. Станува збор за случајот со рушењето на “Комос”. Премиерот вели, зошто Заев ги прикажува тенденциозно САМО снимките од разговорите прислушкувани помеѓу него (Груевски) и Министерот Јанакиевски, а не ги прикаже во јавност снимките од РАЗГОВОРИТЕ помеѓу Фиат Цаноски и Судијката за предметот, и разговорот помеѓу Цаноски и опозициониот Лидер. А ОД КАДЕ тоа, вие знаете дека има и такви разговори Премиере? Нели странци прислушкуваа, нели само опозицијата има снимки па ве уценува, кој ви кажал тоа на вас дека такви разговори постојат? Или видовити сте па ви се сони, или анонимуси ви шепнале, или Вие ПРИСЛУШКУВАТЕ премиере заедно со УБК и братучедот Мијалков, па затоа знаете? А?

Многу одмазда покажавте Премиере во случајот со Фиат Цаноски, та не можете да му простите што ви ја напушти коалицијата тогаш, и после затварањето на А1 се приклучи кон опозицијата. Па да го уништите подобриот од Вас, на Илинден и на Бајрам, да му ја срушите, кренете во воздух инвестицијата од 65 милиони евра. Одговорност ќе сносите за тоа. Спиете ли мирно?

Фејсбук статус на Наташа Струмениковска

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести