Србија – Чешка нерешено 1:1 по првиот ден во финалето на Дејвис купот

По првиот ден од финалето на Дејвис купот меѓу Србија и Чешка резултатот е нерешен 1:1. Една од репрезентациите по денешната игра во двојки во последниот ден ќе влезе со предност од 2:1, со што многу лесно може да се случи првиот меч во недела на „првите рекети“ Новак Ѓоковиќ и Томаш Бердих да биде решавачки.

Попладнево со почеток во 16 часот ќе стартува мечот во двојки. За Србија се пријавени Ненад Зимоњиќ и Илија Бозољац, а за Чешка Јан Хајек и Лукаш Росол. Но, според последните најави од таборот на српската репрезентација лесно може да се случи Ѓоковиќ да игра заедно со Зимоњиќ.

Првиот поен за Србија во првиот меч вчера го донесе Ѓоковиќ, кој со 3:0 во сетови (7:5; 6:1 и 6:4) го победи Радек Штепанек, додека изедначувањето го обезбеди Бердих со триумфот над Душан Лајовиќ со 3:0 во сетови (6:3; 6:4 и 6:3).

Најчитани вести