Како што изјави неговиот адвокат, Илија Поп Костов за „Косовоонлајн“, неговиот клиент бил уапсен поради замена на идентитет, односно имал исто име и презиме со лицето барано за воени злосторства.
– Тој беше незаконски приведен и од денеска е на слобода по одлука на судијата за претходната постапка, а по барање на јавниот обвинител. Утврдено е дека погрешно лице е уапсено, а притворот веднаш е укинат и тој е ослободен, рече Поп Костов.
Д.М. бил уапсен откако ја поминал границата, кога заедно со сопругата заминале на одмор во Охрид. Потоа му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а по наредба на дежурен судија, тој бил однесен во затворот во Куманово.
Д.М. самиот ги негирале сите обвинувања од обвинението во кое вистинскиот Д.М. е обвинет за убиство и нанесување тешка телесна повреда.
]]>


