
Смилковски во финалето загуби од Алтунер Јилмаз Екрем од Турција. Претходно во првото коло го победи шпанецот Алекс Ортиз Де Зарате со 4:1, во второто коло против Естонецот Макар Навитски победи со 2:0, во третото коло беше подобар и од Швајцарецот Матијас Брунер со 4:2. Во четвртото коло го победи Хусеин Мамадли од Азербејџан со резултат 4:1 а во полуфиналето и Русинот Егор Пулкин со 2:0.

Од другите македонски репрезентативци, Магдалена Божиновска и Бериз Куртановиќ остварија по 2 победи и освоија седмо место во своите категории, како и машкиот ката тим во екипниот настап, додека женскиот ката тим го освои деветото место.
Со тоа успешно заврши настапот на Европското првенство за кадети, јуниори и У21 на кое македонските репрезентативци освоија четири медали, од кои еден златен, два сребрени и еден бронзен.
МИА
]]>


