Среде војната во Киев се роди лемур, го нарекоа Бајрактар, еве зошто…

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, им се обрати на граѓаните на Киев со видео – и рече дека ноќта поминала прилично мирно.

Освен што ги потсети граѓаните да не ги игнорираат сирените, кога ќе ги слушнат да одат во засолништата, тој кажа и добри вест.

Тој откри дека во последните осум дена во Киев се родиле 390 бебиња – 199 момчиња и 191 девојче.

Кличко додаде дека и во зоолошката градина во Киев има ново, се родил лемур и го добил името Бајрактар ​​(турски дрон со проектили за уништување тенкови, а тој пак го добил името од зетот на Ердоган).

]]>

Најчитани вести