Во тетовската клиничка болница синоќа околу 19 часот и 40 минути било донесено 17 годишно лице од Желино со повреда задобиена од нож информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Јосифовски појасни дека повредениот ученик од Средното економско училиште во Тетово дваесетина минути пред тоа додека се движел по улицата „Маршал Тито“ во Тетово, по меѓусебна вербална расправија и физичка пресметка со нож бил повреден во левото рамо, блиску до вратот, а го повредил 16-годишник од Палатица, ученик во тетовското Средно медицинско училиште.
– Две други лица со комби возило го пренесле во болница каде по укажаната помош, задржан е за натамошно лекување. Лицето посочено дека со нож го расекло во рамото како и очевидците на овој настан во текот на денов повикани се во Секторот за внатрешни работи Тетово и во координација со јавниот обвинител се превземаат активности за целосно расчистување на случајот, изјави Јосифовски.
]]>


