Среќна им Нова Година!
На тетките кај мене во продавничка што петти ден немаат струја и никакво греење, им смрди на нафта за да имаат навечер сијалица за да работат за 7.000.
Среќна им Нова Година на сите што вечерва ќе бидат експлоатирани наместо да се со своите најблиски.
Среќна им Нова Година на децата без родители што го имаат само овој ден од годината за премиерот да им даде пакетче.
Среќна им Нова Година на Мирослав Шиповиќ, Љубе Бошкоски на ќерката на Велија што не може да ги гушне своите деца и нели уште многу други…
Среќна им Нова Година на сите дечиња што продаваат балончиња за десет денари, а уште посреќна на тие што не ги ни приметуваат.
Среќна Нова Година на сите семејства што немаат денес скоро ништо на својата трпеза.
Среќна и на сите вас што треба оваа слика мора да ја смениме.
Бриф.мк избор: Фејсбук статус на Ели Слонче


