Стаклените торти на Олга Носкова – нова светска гастро фасцинација

Фразата „премногу добро да се јаде“ никогаш не била повистинита отколку кога прв пат ќе ги погледнете тортите и колачите на Олга Носкова. Руската слаткарка деновиве стана интернетска сензација благодарение на полиени со сјајна глазура поради кои се наречени стаклени торти. Иако таа подолго време ги прави своите слаткарски чуда кои имаат ефект на огледало поради специјалната глазура на база на желатин, за што сведочи нејзиниот Инстаграм профил, информацијата за Коскова сега доби признание од светски размери.

torta3

Се смета дека Олга користи глазура на база на желатин во прав за да ги направи тортите толку сјајна и рефлексивни, а некои од нив на врвот се покриени со глазура во различни бои поради што се добива ефект на мермер или небесен изглед. Тортите можеби изгледаат магично и нереално, но фотографиите од внатрешноста изгледаат примамливо за јадење поради беспрекорните слоеви на тесто и различни филови.

torta1

Некои инсајдери открија од што се состои сјајната глазура, па на интернет се прошири и следниов рецепт:

Потребни се 20 гр желатин во прав, 120 мл топла вода, 300 гр гликоза, 300 гр шеќер, 150 гр путер, 200 гр засладено кондензирано млеко, 300 гра чоколадо (бело, црно или млечно), боја за храна.

Ставете го желатинот во ладна вода. Зовриј те ја гликозата, шеќерот и водата, тргенете го садот со смесата од рингла, и додадете го желатинот. Додадете го кондензираното млеко. Прелијте ја смесата реку чоколадото и путерот и мешајте додека не исчезнат меурчињата со воздух. Глазурата се користи на температура од 35 степени.

torta4

Извор: .stylist.mk

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести