Стар руски трик кој ги загрева стапалата и на „дебели минуси“: Се што ви треба е веќе дома

Трик кој често го практикуваат Русите ќе ви помогне да ги загреете нозете во чевлите дури и кога надвор е многу студено. Излегувањето од дома на вакво време е сè само не забавно, но постои трик како да ги загреете стапалата кога надвор е минус, а се што ви треба е предмет што сигурно го имате дома. Кога го пиеме сокот, логично го фрламе празното тетрапак во корпа за отпадоци. Но, не правете го тоа, има одличен начин да го искористите!

Овој трик Русите го практикуваат постојано во зима, а ќе ви помогне да создадете „изолација“ во чевлите и чизмите и на тој начин да спречите да ви замрзнат стапалата. Прво исечете го и отворете го тетрапакот, убаво измијте го и исушете. Потоа нацртајте форма на влошка за чевли и исечете ја. Отстранете ја влошката од чевлите или чизмите што ги носите во зима, а потоа ставете ја онаа што сте ја направиле од тетрапак со фолијата свртена нагоре. После тоа, вратете ги „оригиналните“ влошки на нивното место, над оние што сами сте ги направиле. И тоа е сета мудрост! Оваа домашна влошка совршено ќе ја задржи топлината и ќе спречи студот да навлезе во внатрешноста на чевлите и да ги лади вашите стапала.

извор: citymagazine.danas.rs

Најчитани вести