„Старлинк“ ќе обезбеди бесплатен интернет во Венецуела по земјотресите

Сателитската интернет единица на компанијата „Спејс Икс“ на милијардерот Илон Маск, „Старлинк“ соопшти дека ќе им обезбеди на корисниците во Венецуела бесплатен пристап до интернет еден месец по двата разорни земјотреси што ја погодија таа земја.

Компанијата наведе дека истовремено работи на брзо распоредување на терминалите на „Старлинк“ за да се обнови поврзаноста во најтешко погодените области.

Земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела во текот на ноќта меѓу средата и четвртокот. 

МИА

Најчитани вести