Ставил лажна слика во пасошот: Kаj го нашол баш Џастин Бибер, сите го знаат

Човек од Оклахома со неговиот обид за измама добро ги забавуваше корисниците на социјалните мрежи во последните денови, а подеднакво ги насмеал и инспекторите кои го работат неговиот случај.

Човекот кој се обидел да си направи фалсификуван пасош е роден во 1967 година, а на фотографијата ставил слика од Џастин Бибер, 27-годишна позната светска музичка ѕвезда.

Инспекторот кој работи на споменатиот случај објави фотографија од лажиот пасош.

https://twitter.com/wordsaremysword/status/1439721145960439808

„Како ли можел да помисли дека ова ќе му успее, навистина ли се обиде да биде Џастин Бибер!?“, „Не знаев дека Џастин има 54 години“, „И моја пријателка има лажна фотографија на нејзиниот пасош, онаа на Ким Кардашијан од 2000 година“, се само некои од коментарите на објавата, што инстантно собрала повеќе од 100.000 лајкови.

]]>

Најчитани вести