Македонскиот пливач маратонец Томи Стефановски го освои третото место на маратонот одржан во Парана, Аргентина.
Во конкуренција на 25 пливачи од 11 држави прв патеката од 88 киломтери ја исплива Иван Афаневич од Русија со време 9 часа 20 минути 38 секунди, што е негова прва Гран при победа.
Мохамед Салех од Сирија беше второпласиран со резултат – 9:22.42 часа, додека Стефановски имаше време – 9:26.55.
Од македонските пливачи Александар Илиевски го освои 6.место со време (9:47.46 часа), додека Дејан Младеновски се откажа заедно со уште пет пливачи, меѓу кои и познатите имиња на овој спорт Дамјан Блаум и Александер Студзински.
Следната трка ќе се одржи на 29 март во Манзаниљо, Мексико.
]]>


