Стинг во Скопје

На огромно задоволство на македонската јавност, особено љубителите на музиката,едно од водечките светски музички имиња – СТИНГ на 15 октомври ќе одржи концерт во Скопје во Арена „Борис Трајковски“. Со тоа – како што најавува организаторот АВАЛОН Продукција, Македонија ќе го добие еден од најзначајните музички настани до сега информира ТВ 24.

66-годишната музичка икона, пејач, текстописец и актер веќе ја започна својата промотивна светска турнеја во февруари годинава, која вклучува настапи на сите континенти, и изведби на дел од песните што се наоѓаат на неговиот нов албум, дел од репертоарот на легендарната група „Полис“ но и најголемите хитови кои се белег на неговата соло кариера.

„Авалон продукција преговара точни 15 години за да го донесе овде. Стинг доаѓа со сопствена продукција која навистина е на едно сериозно ниво и тука нема да има никаква утка, без разлика во каков простор настапува“, изјави Ивана Нолчева – Авалон Продукција.

Стинг е добитник на 16 Греми награди, три Биритански музички награди, Еми награда, Златен глобус, а во 2000тата година ја доби и својата ѕвезда на „ Холивудската улицата на славните“. Овие признанија за само дел од неговите успеси, дополнително говорат за тоа зошто СТИНГ е претставник на таканаречената А листа на артисти, особено од областа на рок музиката.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести