Стивен Колбер до македонските тинејџери: ОСТАВЕТЕ НÈ НА РААТ!

Велешаните добија неколку минути простор во популарната емисија на „Си-би-ес“, „Лејт најт шоу“ на Стефан Колберт, кој им се обрати со зборовите „Еј, македонски тинејџери! Престанете!“.

Додека Колберт зборуваше за велешаните на екранот се појави и македонското знаме.

– Може ќе се запрашате како дојдовме тука. Многу луѓе мислат дека Доналд Трамп победил поради „Фејсбук“, најмногу затоа што „Фејсбук“ е полн со лажни стории кои се шират масовно без да бидат проверени дали се точни. Од каде доаѓаат овие стории? Стотици различни веб-страници доаѓаат од тинејџери од мал македонски град кои за да заработат пари преку интернет објавуваат сензационалистички стории со лажна содржина. Еј, македонски тинејџери! Престанете! Зошто не можете да правите нормални тинејџерски работи? – вели Колберт.
Сегментот посветен на нас почнува некаде околу 5:20.

Најчитани вести