ГОРСКИ ВЕНЕЦ
Според досегашните најави, протестниот собир пред МРТ во сабота во 12.00 часот, ќе биде најмасовен досега. На песимистите кои сметаат дека нема фајде од вакви собири им порачувам! Мислете си вие што сакате но дојдете! Дојдете бидејки, подобро е да се направи нешто за џабе, отколку да не се направи ништо! smile emoticon
Што мислите, зошто против нас тече секојдневна, интезивна црна кампања на сите режимски медиуми??? Зошто Миленко и Јанко не ме вадат од уста? Зошто денес ме правеа “парче“ на Канал 5? Зошто цело Скопје е испишано со графити против мене??? Зошто нашите ударни тупаници, Бубо Каров, Синоличка Трпкова, Ана Костовска, Јорданка Ивановска Јоци, Ирена Ристиќ, Перо Арсовски, Марин Бабиќ и останатите беа мета на разни пропагандни напади веднаш после нивното појавување пред МРТ? Ако протестите немаа ефект, ќе се замараа ли режимските песови со нас???
Не знам од каде, но на ум ми падна еден краток дијалог од “Горски Венец“. Малку го дотерав за овде. Се надевам, Његош нема да се налути. smile emoticon
“Цврсти заби најтврд орев кршат“, ми шепна Режимот. “Оревот е чудно овоштие. Ти го кршиш тој заби ти строшил!“… Реков и се насмевнав. Се насмевнав свесен за вистината која се крие во зборовите на големиот Његош.
МРТ, САБОТА, 12.00 часот
Фејсбук статус на Стојанче Ангелов


