Најмногу заработувачка во САД носат две индустрии: филм и авиокомпании. Ние авиокомпании немаме, ниту пак филмска индустрија. Но – најголемите пари се вртат во/низ Агенцијата за филм. Не зборуваме за сиромаштија, не зборуваме за основна социјална помош, не зборуваме за мизерни услови во образованието…за културни проекти од 1.000 – 2.000 евра…
Ги молам надлежните, а и новинарите (иако веќе имаше обиди од нивна страна), да ги отворат очите и тефтерите. Се трошат илјади (со пет нули) и милиони евра за филмови, коишто не мрднале од дома и не направиле никаков “едит велју” кај ниедна публика, а камо ли да вратат денар во каса”.
Каде се парите? Колку станови, џипови, и други подобности имаат филмските работници, додека сите сте се фатиле за крвниците капиталисти, коишто се борат од своја лична заработувачка да опстанат и да ги опстанат вработените?
Некој вади леб за едвај да преживее, а некој добива државни пари да се бави со најскапата играчка во свет – филмот! Се додека состојбите во Агенција за филм не излезат на виделина и ни се мачкаат очи со прикаски – нема правда, нема филм!
Овој апел го упатувам до надлежните во Владата, и нејзина е одговорноста за било каква понатамошна делба на милиони евра од државна каса за вакви намени!
Ни најбогатите земји го немаат овој филмски “луксуз” како што го имаме ние. Не, не станува збор за уметност, а станува збор за изживување и фолирање со огромни суми! Стоп за филмската мафија!
Фејсбук статус на Синоличка Трпкова


