(ВИДЕО)Страшен судар на возови: Има повредени, службите за итни случаи се на терен

Два воза се судрија на железничката линија во Словачка вечерва околу 19:31 часот по локално време, а во несреќата се повредени најмалку 10 лица, објавија словачките медиуми. Според првите информации, се судриле возовите Ex 620 и Rex 1814, кои сообраќаат од Нитра до Братислава. Несреќата се случила на делницата Пезинок – Свети Јур по напуштањето на станицата Пезинок, објавува словачкиот портал HN.


Сите спасувачки служби биле испратени на местото на настанот, потврди Регионалната дирекција на полициските сили во Братислава, која го објави настанот на социјалните мрежи, а подоцна и Словачката железница (ZSSK) и Словачките железници (ŽSR).
Портпаролката на ЖСР, Петра Ланикова, изјави дека спасувачките служби ги преместуваат патниците од возот на безбедно место и им пружаат помош на повредените. Според прелиминарните информации, има десет повредени.

Премиерот Роберт Фицо повика на смиреност и кохезија.
„Сега сите треба да се обединиме и да мислиме на повредените. А не да шириме глупости полни со омраза“, напиша тој на Фејсбук.

Фицо потврди дека е во контакт со членовите на владата и дека се активирани сите спасувачки служби. Тој им посака на повредените брзо закрепнување и додаде дека по завршувањето на спасувачката работа, ќе биде потребно темелно да се провери дали станува збор за техничка или човечка грешка, пишува Србијаданас.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести