Доналд Трамп својата сопруга ја гледа како предмет, тврди експерт за говор на телото кој го анализирал однесувањето на семејството на новиот претседател на Америка на неговата инаугурација.
На многу гледачи им паднало во око чудното однесување на претседалот и првата дама, особено кога ќе се споредат со Барак и Мишел Обама.
Сега стручњакот потврдува дека судејќи според говорот на телото, бракот на Доналд и Меланија Трамп е само фарса.
– Доналд ја гледа Меланија само како објект – рекла Сузан Константин, експерт за говор на телото која соработувала со американската влада.
– Не гледам никаква топлина ниту искрена љубов и сочувство во нивниот однос – рекла таа за „Миц“.
Со тоа се согласила и нејзината колешка Пати Вуд, која рекла дека начинот на кој танцувале е показател за нестабилна врска.
– Претседателот ја влечеше на сексуален начин, ја допираше во пределот на карлицата, додека госпоѓа Трамп се обидуваше дискретно да се одвои од него додека танцуваа – рекла таа.
Уште еден пример се случил на самиот почеток на инаугурацијата.
– Интересно е дека Трамп излезе од автомобилот и тргна кон скалите да се ракува, наместо да и помогне на сопругата да излезе од автомобилот, да ја почека, или макар да ја погледне – рекле стручњаците.
Подоцна камерите го забележаа и моментот пред положувањето на заклетвата, кога Трамп само куртоазно ја поздрави сопругата додека му се придружуваше на она што би требало да биде најважниот момент во неговиот живот. Од друга, страна, веднаш покрај него стоеше Обама, кој на сопруга Мишел и ја бакна раката и топло ја поздрави кога му се придружи.




