Да го поздравам Деканот на Техничкиот Факултет во Битола, и да му порачам една ПОРАКA: СРАМ И АРАМ ДА ВИ Е!!!
Нема ова да ви го заборавам, вие не заслужувате да бидете на таа позиција и да носите титула покрај своето име. Техничкиот Факултет има реноме, постои половина век и НИКОГАШ вакви луѓе не го претставувале. Во комунизмот, во едноумие, имаше поголема слобода, демократија и право на студентите да го кренат својот глас. Тоа ЈАС ви го кажувам, од искуство. Еден ден во Вашата биографија ќе стои и ова- Деканот ги остави младите студенти, иднината на нашето општество да мрзнат без ПАРНО и СТРУЈА. Да сте го пуштиле парното од одма. Овие деца имаат родители, не се паднати од небо. Зарем не се грижите за нивното здравје? Или пак одете затворете им ги вратите, заклучете ги, исклучете се и нека измрзнат, само за тоа ве бива. Нека ви служи на ЧЕСТ! Сон да немате, ќе одговарате за ова.
АПЕЛ: Ѓраѓани помогнете им на студентите кои останаа без струја и парно во Техничкиот Факултет Битола
Фејсбук статус на Наташа Струмениковска


