Утре во Белград ќе се одржи протестна кој се повикани студентите во блокадата, кои бараат исполнување на нивните четири барања. Од друга страна, студентите кои, како што велат, сакаат да се вратат во студентските клупи, со денови кампуваат во Пионирски парк, и кои како што велат сакаат да се вратат во студентските клупи и дек нема да се тргнат од таму. Се шпекулира дека може да има немири.
Во прекин е сообраќајот од Плоштад Република, преку Коларчева улица до Пионирски парк.
Белграѓани подготвуваат се за пречек на студентите, а на Теразије во моментов се поставуваат заштитни огради.
Студентите кои доаѓаат од југот на Србија дојдоа до Остружница, каде што беа пречекани од бројни граѓани.
Делегацијата на Европската унија (ЕУ) заедно со амбасадите на земјите членки на ЕУ во Србија денеска излезе со соопштение во врска со протестот што ќе се одржи утре во Белград.
Како што наведуваат, тие „внимателно ја следат актуелната внатрешно-политичка ситуација во Србија“ и повикуваат на избегнување насилство.
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, упати апел до учесниците на утрешниот протест во Белград да се воздржат од насилство и инциденти, изразувајќи загриженост за атмосферата создадена околу собирот.
Тој изјави дека „има организатори кои поттикнуваат конфликти и подготвуваат сценарио за физичка ликвидација на претседателот на државата“, повикувајќи се на аудио снимки од состанокот на членовите на Движењето на слободни граѓани (ПСГ) во Нови Сад, пишува српски Блиц.


