Студентите во блокада во Србија објавија на својот Инстаграм профил дека во неделата – на 28 декември – собрале 393.045 потписи во кампањата „Распиши победа“.
Како што додаваат, таа акција покажа дека дури и по повеќе од една година, борбата не запира, волјата и силата не опаѓаат.

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија што живеат во странство да го поддржат нивното барање за распишување вонредни парламентарни избори преку интернет како дел од кампањата „Распиши победа“.
„Со акцијата „Распиши победа“, со која ја кренавме цела Србија, покажавме дека првиот неопходен чекор кон подобра иднина е распишување вонредни парламентарни избори. Редови се формираа на речиси сите локации и се бараше формулар повеќе“, се вели во соопштението.
МИА


