Судењето на дадилката која беше снимена како малтретира деветмесечно бебе, денеска се одржува зад затвотрени врати за јавноста.
Тоа е одлуката на судијата од Кривичниот суд кој го води овој предмет, поради, како што рече, заштита на обвинетета и нејзиното семејство, но, пред се, заради заштита на идентитетот на бебето и неговото семејство.
На шеесет и едногодишната Т.С. од скопската населба Ѓорче Петров, ќе и се суди за запуштање и малтретирање на малолетно лице.
Дадилката од Скопје била ангажирана од семејството да се грижи за бебето.


