Судиии!!!!! Не ви остана ни трунка достоинство? Не ви остана ни трунка гордост? Навистина? Прифаќате овој анонимус кој нема врска со судството да ви биде претседател на Судскиот совет? На наводно независното тело кое има мандат:
– да ги избира и разрешува судиите,
– да ги избира и разрешува претседателите на судовите,
– да утврдува престанок на судиската функција,
– да избира и разрешува судии поротници,
– да ја следи и оценува работата на судиите,
– да одлучува за дисциплинска одговорност на судиите,
– да утврдува нестручно и несовесно вршење на судиската
функција,
– да утврдува престанок на судиска функција поради трајна неспособност за работа на
судија,
– да одлучува за одземање на имунитет на судија,
– да одлучува по барање за одобрување на притвор на судија,
– да предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија од редот на
судиите,
– да го разгледува годишниот извештај на Врховниот суд на Република Македонија за
утврдените начелни ставови и начелни правни мислења по прашања од значење за
обезбедување на единство во примена на законите,
– да одлучува за времено отстранување на судија од вршење на судиска функција, –
да го утврдува бројот на потребните судиски места по судови,
– да ги разгледува и оценува тримесечните и годишните извештаи за работа на
судовите,
– да се грижи за угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судството,
– да постапува по претставки и поплаки на граѓаните и правните лица за работата на
судиите и судовите,
– да поднесува извештај за работата,
– да донесе деловник и други општи акти со кои ги уредува работите од својата
надлежност,
– да утврдува ориентационен број на предмети што треба да ги реши судијата месечно
Фејсбук статус на Мирјана Најчевска како реакција на новоизбраниот претседател на Судскиот совет, Бранко Ушковски.


