Судар на титани: По Цецa и Јецa концерт на Ушче најави и Ана Николиќ

„Подготвувам концерт на Ушче, да видите што ќе правите“, вели Ана Николиќ за Информер!

Поп-ѕвездата летово реши да пее во Белград, на истото место каде најавија концерти Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша. Ана првично планирала концерт во белградска арена, но го откажала поради конфликт со менаџерот. Во меѓувреме и пораснаа апетитите и сега планира да наполни многу поголем простор од Арената.

– На лето ќе имам концерт на Ушче! Короната ми го расипа проектот „Клиника“, сè тргна лошо после тоа… Знаев дека нема да има концерт во Арена и сега се фокусирав на Ушче – изјави Николиќ за Информер.

Ана така ќе ги одмери силите со Цеца и Јеца на лето на Ушче. Ражнатовиќ прва најави концерт на тоа место. Таа напорно работи на новиот албум кој ќе го објави пред спектаклот на Ушче во јуни.

И нејзината лута ривалка Јелена Карлеуша ќе пее на истото место! Поп дивата, која минатата година објави два албума, по 11 години планира да го повтори концертот на Ушче.

– Мојата животна желба е да го направам најголемиот концерт што го видела Европа! Бесплатен влез и сите се поканети! Можеме ли да собереме 300.000 луѓе во Белград на еден концерт? – ги праша ЈК своите фанови на социјалните мрежи.

Најчитани вести