Судот донесе одлука: Еве дали ќе се преиспитува обвинението против Алек Болдвин


Судот во Ново Мексико ја отфрли можноста за преиспитување на обвинението против актерот Алек Болдвин за фаталното пукање на сетот на филмот „Рѓа“ во 2021 година, кога беше убиена снимателката Халина Хачинс.

Имено, Судот го отфрли барањето на државата за обновување на обвиненијата за убиство од небрежност, кои беа отфрлени во јули, откако за време на судењето се дозна дека обвинителите ги задржале доказите на одбраната, односно муницијата донесена во канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе.

„Во изменетото барање на државата се наведени аргументи кои се веќе изнесени, како и аргументи кои државата одлучила да не ги презентира порано, судот смета дека изменетото барање не е доволно“, се наведува во одлуката на судијката Марлу Сомер.

Адвокатите на Болдвин тврдеа дека боевата муниција што дошла во рацете на локалните органи за спроведување на законот во врска со истрагата била „скриена“ од нив.

Сомер истакна дека проблемот со доказите околу муницијата „непотребно ја одложува постапката“ и дека тоа е „многу штетно“ за Болдвин.

„Државата не изнесува никакви фактички или правни аргументи кои би го оправдале одобрувањето на предлогот за повторно разгледување“, напиша таа.

Да потсетиме, Халина Хачинс беше убиена во октомври 2021 година.

Алек Болдвин пукал за време на снимањето знаејќи дека има лажни куршуми во пиштолот што го користел во сцена во филмот.

Најчитани вести