Сугарески (ВИДЕО): Тутунски запре со откупот заради 650 тони непродаден тутун од лани?

Ако е така, тогаш пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Панче Дамески и Груевски, ги лажат прилепчани, констатира Сугарески. Дамески , на Комисијата за земјоделство, соопшти дека прилепскиот Тутунски комбинат нема залихи. – Г-дине Дерменџиев, ако е точно дека немате обезбедно пари за продолжување на откупот, за таквиот скандал, незапамтен во историјата на Комбинатот, треба веднаш да си поднесете оставка Вие и целиот менаџерски тим, поставени и назначени директно од Владата на ВМРО-ДПМНЕ – истакна Сугарески. СДСМ на Владата и предложи три заклучоци: Да му наложи на Министерството за земјоделие и на инспекторатот за земјоделство да ги зајача сите контроли, согласо законот за тутун, веднаш да ги испрати инспекторите постојано да бидат на терен и да гарантира Владата дека ќе биде исполнет законскиот рок до 15 Март кога треба да заврши откупот со тутунот, со препорака цената да не биде пониска од ланската од 182 денари за килограм тутун и целиот вишок на тутун, кој најверојатно ќе се појави после 15 Март, да го откупи Тутунскиот Комбинат во Прилеп. – Трите заклучоци беа одбиени – рече пратеникот Горан Сугарески.]]>

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести