Еден пријател вели лоши работи не им се случуваат на добри луѓе!
Значи цела македонска нација сме лоши затоа што јас не паметам една добра работа што се случила во последнава деценија во Македонија, а меморијата добро ме служи.
Некогаш одамна имало голема поплава. Бог на двајца им рекол да влезат во брод, да земат животни,семиња…водата наидувала,поплавила и планини…во еден момент човекот пратил гулаб да види дали водата се тргнала,гулабот се вратил! Човекот пратил сокол,соколот на се вратил!Двајцата заедно со животните го напуштиле бродот и заминале да бараат нова земја да живеат.
А еве одамна….од Јануари 2015 година водата пак надојде.Брод немавме ама имавме хелихоптер и во него двајца и тие како соколот не се вратија.
Ден-два пред да поплави,сватовите се организираа да ја пречекаат невестата арно ама шо викаат старите невестата има гребено на тавче затоа толку врнежливо па и поплави,сватовите и од кај зетот и невестата заедно на исто оро и кога дојде време да се носат даровите ги зедоа комшиите.
Малку метафорично,да се насмееме.
Сеуште има луѓе што спијат под туѓи кровови.За некому меродавните институции,мајка за некому маќеа.
Годинава беше циклична,Пелагонија многу изгуби,пченицата остана во амбарите, тутунот недоволно исушен и го дадовме 3 за стотка, градинарските култури немаа толку приноси како очекуваните, субвенции стигаа како што ќе им текнеше,колку за сметките за струја и долговите да се покријат, нафтата достигна најниска цена ама во зимата нема орање, сеење, садење….и како врв на се ни ја поплави Пелагонијата. Пола деценија нема да се опоравиме.
Пријавуваме ниви да не обештетат…ги чекаме тие нашите субвенции што ни ги борчи државата за изминатава година, барем за оваа последнава оти од оние од 2011 а наваму сме се откажале.
Пелагонија не остави без леб за догодина.
Пишува Јасмина Гулевска, советник на СДСМ во Општина Могила


