Свештената бигорска Обител изразува сочувство за настраданите во земјотресот и се приклучува кон денот на жалост

– Свештената бигорска Обител молитвено и сострадално се приклучува кон денот на жалоста по повод погубните и разорни земјотреси во Турција и Сирија, изразувајќи го своето сочувство кон семејствата на настраданите и на сите засегнати.   

-Нашите мисли, чувства и молитви се со сите нив. Усрдно се молиме Бог да ги упокои душите на починатите, да им дарува скоро закрепнување на повредените и утеха на ожалостените, стои во објавата на обителта.  

Се додава дека истовремено се молат и за сите пожртвувани спасувачи од земјава и од целиот свет, кои неуморно помагаат и спасуваат човечки животи.  

 -Господ да ги награди со обилни благослови и дај Боже што повеќе живи луѓе да бидат извлечени од урнатините, посакуваат од Бигорската свештена Обител. 

MИА

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести