Таа е директорка на Театар Комедија и тоа е голема трагедија

Таа е директорка на Театар Комедија и тоа е голема трагедија.
Таа ги повикува Заев и неговите платеници да не го уништуваат и тероризираат Скопје.
Таа го повикува Заев да се врати на нива.

Таа не разбира дека ги навредува сите граѓани кои што не се од Скопје и ги понижува сите земјоделци.
Таа уште помалку разбира дека во Скопје протестираат Скопјани.
Таа, иако наводно се бави со уметност не може да сфати дека Шарената револуција досега му даде на Скопје многу повеќе душа и шарм отколку нејзиното директорско место и клиентелизам.
Таа не може да сфати дека Скопје 2014 се градеше од парите на сите граѓани на Македонија.

Таа денес удобно се лади во нејзината фотелја додека земјоделците се на нива на 40+ степени и мака мачат за гола егзистенција.
И таа, најмалку може да бара спокој додека насекаде околу неа има неправда и неспокој…

Фејсбук статус на Перо Костадинов

Најнови вести

Најново од Ракурс