Седум дена во неделата, седум степени на совршенство, седум сфери, има седум ливчиња од рози, а имаше и седум самураи, седум џуџиња, седум јариња, седум секретари на СКОЈ.
Седум е свет број и обично носи среќа. Во големите цивилизации, почнувајќи од египетската, седумте биле симбол на вечниот живот, комплетен циклус и динамично совршенство.
Во Иран, кога се раѓа дете, на рогозината се става светилка, седум видови овошје и седум видови ароматични семиња, а детето обично се именува на седмиот ден.
Пред свадбата, девојката оди до реката и седум пати го наполнува и празне бокалот, а потоа фрла седум грста жито во водата, како симбол на плодноста.
Седум е клучот на Евангелието според Јован и се појавува 40 пати во Откровението, а во Апокалипсата го најавуваат конечното извршување на Божјата волја во светот. Во исламот, седум е среќен број, симбол на совршенство. За аџилак во Мека, треба да се посети Каба седум пати. Муслиманските мистици тврдат дека Куранот има седум значења.


