„Одлуката да се стават на црната листа на Стејт департментот Никола Груевски како експремиер и неговиот братучед Сашо Мијалков говорат за корумпираноста и криминалот што го правеле додека беа на власт“ рече пратеникот од СДСМ, Миле Талески во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека кога се презентираа бомбите на опозицијата, на ниту еден функционер од ВМРО-ДПМНЕ не им доаѓаше на памет да понесе одговорност и да одговара за тоа.
„Со признанијата на високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ дека биле директно вмешани во корупција и местење на избори, се покажува дека ВМРО-ДПМНЕ е злосторничко здружение и криминална партија“ рече Талески.
Пратеникот додаде дека за жал се уште истата матрица функционира во ВМРО-ДПМНЕ и дека голем дел од функционерите кои се опфатени во случаите се на високи позиции во партијата се уште.


