Таравари: Заминавме во опозиција зашто не сакавме да биде декор, ВРЕДИ е игнориран во владата

ВРЕДИ е игнорирана од Владата, а Алијанса за Албанците не е навикната да биде само декорација – два дена по поднесувањето на оставката од функцијата министер за здравство, Арбен Тараваари говорејќи за албанската телевизија МЦН ги појсани причините за неговото заминување од Влада. Вели имавме зацртани точки кои ги ветивме а не успеававме да ги постигнеме, прв пат , како што рече имало влада со 4 алабански партии но во последно време според него имало дискоординација, која вели ја искористила најголемата македонска партија.

„Ние како АА не сме навикнати да бидеме во Владата и да бидеме само декорација. Затоа решивме да одиме во опозиција и да се вратиме кај граѓаните и да разговараме со нив, со цел да се подготвиме за локалните избори што треба да се одржат во октомври оваа година. 5 месеци сме пред локалните избори и мислам дека партијата треба да се мобилизира бидејќи за нас е многу важно да извојуваме победа.“- Арбен Таравари – Алијанса за Албанците

Синоќа пак на собир со граѓаните во Арачиново лидерот на ДУИ Али Ахмети својот говор го посвети за да му се обрати на премеирот Мицкоски, прашувајќи зошто го менува Законот за употреба на јазиците, охридскиот рамковен договор, а како што рече го загрозувал мирот, стабилноста и безбедноста на државата.

„Ние не ја носиме државата со себе– ние имаме право да ја водиме, тоа ни припаѓа! Албанците се над 30%, живеат континуирано на своите огништа и се нераскинлив дел од државноста. Нѐ држеа потиснати, исплашени, протерани – но тоа заврши. Денес, Албанците имаат три универзитети и илјадници професионални кадри. Ниту една сила не може да ја сопре оваа реалност.“- Али Ахмети – ДУИ

Политичките препукувања доаѓаат во време кога во јавноста се погласни се инфромациите дека членови на Европскиот фронт ќе заминат во параламентарното мнозинство. За ова вчера говореше и вицепремиерот Изет Меџити кој рече дека најмалку четворица пратеници од Европскиот фронт ќе заминат во ВРЕДИ. А денеска од коалицијата преку соопштение велат ДУИ се движи кон бездна а Ахмети го доживува својот политички крај и ги повикаа сите активисти, и како што велат разочарани гласачи на Алијанса за Албанците кои се чувстуваат предадени да им се приклучат.

„Употребата на Арбен Таравари не е ништо повеќе од најнов обид да се создаде димна завеса, да се одвлече вниманието од падот на ДУИ и тешките одговорности што ги носи нејзиниот лидер.“ – ВЛЕН

Инаку моменталната пратеничка група на ВРЕДИ која беше формирана пред два дена во моментов брои 9 пратеници, а за нов координатор е назначен Беким Ќоку. Посебна пратеничка група најавуваат и од крилото на Таравари во Алијанса. Оттаму уверуваат дека таа ќе брои 5 пратеници, а барањето според најавите до Собранието ќе го испратат идната недела.

извор: kanal5.mk

Најчитани вести